БОМБА: Хари Костов и Комерцијална банка влегуваат во РК Вардар?

Прочитај за: < 1 минута

Првиот човек на Комерцијална банка, г-дин Хари Костов најверојатно наскоро ќе биде обелоденет како прв човек и на РК Вардар.

Неофицијални извори велат дека е речиси сигурно Комерцијална банка да биде главниот спонзор на РК Вардар и дека работењето со клубот ќе го менаџира успешниот банкар Хари Костов и останати бизнис луѓе кои нему му се од доверба.

Промената во структурата на финансирање доаѓа по најавата дека Сергеј Самсоненко се повлекува од клубот и информациите дека најголемиот дел од ракометарите спасот си го бараат во трансфер и потпишување договори со други клубови. Почесниот директор на клубот, г-дин Михајло Михајловски вети дека ќе изнајде соодветно решение за РК Вардар успешно да продолжи да функционира на исто ниво и по се изгледа дека ќе си остане на зборот.

На почетокот на месец јуни, РК Вардар ќе земе учество во ФИНАЛ4 од Лигата на шампионите.

извор: мактел.мк

SHARE