Борисов се откажа од пратеничкиот мандат, продолжува неизвесноста за нова влада

Прочитај за: < 1 минута

По 11 години власт, Бојко Борисов нема да биде ниту пратеник, ниту премиер.

За почеток, целосно ќе се посвети на својата партија ГЕРБ, која од се уште доминантна политичка сила, повеќе од извесно, ќе стане само доминантна опозиција, секако, доколку Бугарија не оди на нови избори.

-Денеска поднесов барање и се откажав од пратеничката плата. И пред сè од имунитетот. Мене имунитет не ми треба. Како премиер немав зашто немаше потреба.

Затоа ги напуштив обете изборни единици каде победив на лидерското соочување, изјави Бојко Борисов, премиер на Бугарија во заминување.

А, дека ниту матичната ГЕРБ во Борисов не гледа иден премиер ниту на хартија, јавно потврдија неколку негови високи сопартијци, вклучително и Захариева. Соочена со фактот дека не можат да формираат Кабинет, а како победници, според Уставот, ќе мораат први да се обидат, таа вели дека сепак ќе излезат со концептот на експертска влада, составена од кадри на партијата.

Кабинет со Бојко Борисов како премиер или без Бојко Борисов? , ја праша новинарка на ТВ БНТ.

-Премиерот повеќе пати покажа дека сака да биде обединувач и дека има сериозни намери да и се посвети на партијата, одговори Захаериева.

Ако г-н Трифонов предложи кабинет ќе го поддржите ли?

-Да, ќе поддржиме кабинет предложен од г-н Трифонов. , одговори Захариева.

Партијата на Борисов мандатот за состав на влада се очекува да го добие следната недела, по што, веројатно ќе му биде предаден на второпласираниот Трифонов. Шоуменот засега останува воздржан на понудата да биде поддржан од 10-ина пратеници на ГЕРБ за да формира влада.

Премиерот Заев денеска изјави дека очекува месецов да биде формирана нова влада во Софија и да продолжат разговорите за надминување на отворените прашања. Оптимист е дека ќе се изнајде заедничко решение прифатливо за двете страни, без како што повтори, задирање во македонскиот јазик и идентитет.

Извор: kanal5.com.mk

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE