Богојески: Заев треба да знае дека Македонија е суверена, а не втора бугарска држава

заев
Прочитај за: < 1 минута

Креирање на лажна историја, по желба на Бугарија, не е решение на овој проблем, туку негово продлабочување. Тоа ќе ја уништи перспективата на идните генерации!

Дополнително, премиерот Заев промовира цензура на слободата на говор во земјава, и тоа по желба на Бугарија, што е скандал од меѓународни размери. Притоа со ниту еден збор не укажа на говорот на омраза против нас Македонците и Македонија кој доаѓа од Бугарија и тоа од министри на бугарската влада.

Кој е тој Зоран Заев да им налага на македонските граѓани, новинари или политичари, што и како ќе коментираат по темата Бугарија и тоа по желба на самата таа Бугарија?!? Ова е надвор од здравиот разум и спротовно на сите европски вредности на истата таа ЕУ, кон која се стремиме!

Господинот Заев обвини дека сите ние кои се бориме за интересите на Македонија, тоа не смееме да го правиме и дека е недозволиво да се бранат македонските позиции. Па да го прашам Заев, дали треба да ги браниме бугарските позиции, дали сите така потчинето да се однесуваме како него, да веруваме на лажното пријателство со Бугарија како него, да мотивираме лажна надеж како него, да бегаме од вистинско и суштинско решение како него… па со тоа да бидеме патриоти по негов вкус? Еден негов предходник Груевски делеше бесрамно квалификации што е дозволено, а што не е, согласно неговите сопствени перцепции. Дали и Заев сега го прифаќа поведението на Груевски?

Повеќе >> kanal5.com.mk

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE