Богојески: Задолжително потекло на имот за сите политичари, сите избрани и именувани лица!

Потекло на имот!

Задолжително потекло на имот за сите политичари, сите избрани и именувани лица! Постапката се спроведува пред да бидат кандидирани или именувани!

Имплементација на мерката да биде почнувајќи од овие парламентарни избори!

Секој кој ќе се кандидира за пратеник, да биде подлежен на постапка за потекло на имот! Оној кој ќе биде чист, може да биде кандидат, оној кој нема да помине контрола, ќе поднесе дополнително оданочување, согласно закон!

Па повелете да се кандидирате за пратеници или да бидете именувани за министри, директори, амбасадори и сл.

Истата постапка се повторува по завршување на мандатот!

Ова секако ќе помогне да дојдеме до “чисти” државни функционери!

loading...
SHARE