Продолжува преписката и јавното несогласување меѓу Димитар Апасиев лидерот на Левица и поранешниот пратеник Павле Богоевски. Откако утрово Апасиев на фејсбук напиша дека „дошло 10 часот, а никој не јадел државен ќотек на рисјански празник“ , Богоевски сега пишува дека пратеникот Апасиев има имунитет само за зборовите изречени од собраниската говорница.
„Нека му каже некој на фирерчето од Велес дека матерјалниот имунитет го штити пратеникот само за зборовите искажани од собраниската говорница.
Ширењето на расистички и ксенофобичен материјал (преку компјутерски систем), поттикнувањето на насилство и охрабрувањето на непочитување на мерките за спречување на пандемијата кога се прави надвор од Собранието (преку фб и твитер) ја задржува целата своја кривично правна димензија, пишува Богоевски.
Вели дека и овој говор како таков, треба да предизвика реакција од органите на прогонот.
„Е сега, профата со 10,00 или не го знае ова; или го знае и сака да испровоцира реакција на правосудните органи па да глуми жртва; или пак до толку му имаат удрено лајковите во глава што искрено верува дека е над сите закони во државата,” стои во постот.