Битка за тронот: Мицкоски против Мијалков и Јанчев! На која страна ќе застанат унгарските медиуми!?

мијалков, јанчев, мицкоски
Прочитај за: 2 минути

Беснее војната за тронот во ВМРО ДПМНЕ. Се разменуваат удари и напади преку медиумите и преку фејсбук. Во последните два дена нивото на испратени пораку меѓу спротиставените страни се засили.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјуто за Сител тие кои бараат негово заминување од лидерското место ги нарече партнери на Заев.

Нивните напади не наидуват на поддршка ниту во структурата на партијата ниту во членството, ниту помеѓу граѓаните, оцени Мицкоски.

Според Мицкоски, расчистувањето со тие групи е последниот товар од кој што се ослободува ВМРО-ДПМНЕ во овие 31 месец откако сум избран за претседател на партијата. Сега сите тие заедно на купче остануваат да му бидат верен коалиционен партнер на Зоран Заев, па јас би му посакал со среќа нека му е со сите нив.

Поранешниот директор на Управата за безбедност и разузнавање и поранешен член на ИК на ВМРО ДПМНЕ, Сашо Мијалков преку својата фејсбук страна го обвини Мицкоски дека намерно губи на избори од Заев за да се спаси од кривични пријави.

Пред изборите слушнавме десетици обвинувања за криминал со хидроцентралите, за сомнителни исплати од ЕЛЕМ, за незаконско финансирање на кампањата, за сомнителни договори за локалните избори во Охрид, па дури и за непотизам при вработувањето на факултет.

Сепак нема кривична постапка за ниту еден предмет, а уште помалку притвор за Мицкоски. Малку е чудно што Мицкоски обвинуваше дека Заев го контролирал судството и обвинителството, а сега за него нема ни притвор, ни пријава. Затоа легитимно се поставува прашањето дали цената на амнестијата на Мицкоски е губење на изборите и уште колку избори Мицкоски треба да загуби, напиша на својата фејсбук страна Сашо Мијалков.

Според Мијалков: ВМРО ДПМНЕ не заслужува лидер кој лаже и бега од одговорност. Ако Мицкоски му дозволи на Заев да ја направи новата влада и не успее да испреговара поинакво мнозинство, дефинитивно треба да си замине и да ја ослободи партијата. После овој неуспех Мицкоски самиот ќе се претвори во најголем товар на ВМРО ДПМНЕ!

На крајот со свој став се јави градоначалникот на Кавадарци и поранешен Потпретседател на ВМРО ДПМНЕ, Митко Јанчев. Во интервјуто за Фокус Јанчев беше категоричен: Го преземам ВМРО ДПМНЕ!

Преку интервјуто во Фокус Јанчев ја испрати пораката:

ВМРО – ДПМНЕ ќе дочека подобри денови, кои всушност ги чека одамна. Оваа ситуација не може да биде вечна. На луѓето веќе им е смачено од сите притисоци и тапкањето во место. Потребна е целосна промена, со демократски ставови, со различни мислења, со различни совети од сето тоа на крај да умееме да го извлечеме најдоброто. Едноумието не не води кон успех, премногу субјективно размислување не носи чекор назад. Кога Митко Јанчев ќе го преземе ВМРО – ДПМНЕ, секојдневното функционирање на партијата ќе се движи во еден сосема поинаков правец, а тоа значи европеизација, демократизација, економија и просперитет за секој еден граѓанин во нашата земја, изјави Јанчев.

Времето ќе покаже дали е ова реален или фингиран конфликт. Сомнежот доаѓа од фактот што во битката да остане на тронот Мицкоски ја има поддршката на “унгарските медиуми”, а јавна тајна е дека тие медиуми освен од Унгарија се контролирани и од силни центри во Македонија и од една друга западноевропска држава. Влијанието на Мицкоски врз тие медиуми никогаш не било многу силно и пресудно. Можеби смената на главниот уредник на порталот Курир, од каде се испраќаат главните партиски пораки, покажува дека зад површината сепак нешто се случува!

Извор: Во Центар

SHARE