Бесир Алили е европски шампион во борење

Прочитај за: < 1 минута

Бесир Алили стана европски шампион во борење во категоријата слободен стил до 48 килограми, вечерва во финалето на ЕП до 17 години славеше против Харутјун Ховханисјан од Ерменија.

 

Прв затен медал за Македонија на Европско кадетско првенство. Младиот борач Бесир Алили направи голем успех и стана европски шампион.

Во категоријата слободен стил до 48 килограми, тој во финалето со резултат 7-6 го совлада Харутјун Ховганисјан, и покрај тоа што борачот од Ерменија одлично го започна мечот и имаше водство од дури 0-5.

На Бесир Алили, кој е член на БК Лирија, му се предвидува блескава иднина и се очекува тој во иднина да нападне и злато во сениорска конкуренција.

SHARE