Бачев до Заев: Како опозиционер велеше дека Мијалков украл милијарди евра, колку евра му конфискува досега од украденото?

Јанко Бачев, единствена македонија, зоран заев
Прочитај за: < 1 минута

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев со обраќање до Зоран Заев:

г-дине Заев,

-„Слушам нешто од твоите фалби по пресудата за Сашо Мијалков дека со предметот Таргет-Тврдина кој бил симбол на борбата против криминалот, си го ослободил патот за правдата, дека правосудниот систем бил независен или како што велиш расцветан како пупка. Кажаното од твоја страна ми личи на еден епитаф на надгробна плоча во едно мало холандско гратче каде пишува – мртвите не се тепаат, но живите имаат поинаков темперамент.

За кое расчистување со кримналот зборуваш кога твојот личен бројчаник во центарот на Скопје застаре и трокира. Како опозиционер велеше дека претходната власт украла 5 милијарди евра и сликовито ветуваше, цитирам: „уништувале, краделе пари, товареле бродови, однеле 5 милијарди евра и доколку СДСМ формира влада се ќе им биде одземено до последен денар“. Еве петта година имаш влада на СДСМ, а немаш одзмено еден денар од украденото.

Да те потсетам, народот не гледа никакво фајде доколку и сите обвинети од поранешната власт завршат во затвор а украдените милијарди останат нечепнати.

Носител на грабежот кај претходната власт беше токму Сашо Мијалков. Затоа те повикувам Зоране Заев да кажеш колку од украдените евра му имаш конфискувано на Мијалков. Еве ти го и одговорот. Едно големо ништо – нула и тоа од оправдани причини: и јас и ти добро знаеме дека нема да конфискуваш ниту денар оти и твојата власт е заглавена во милијарди евра грабеж на народен имот.

Конфискација може да направат само чесни политичари без ниту една дамка и криминална афера во својата професионална кариера и со силна национална и патриотска определба. Одговорност за грабежот на народни пари мора да има. Украденото од позиција на власт во изминатите 30 години мора да се конфискува и тоа ќе биде направено“ – се вели во обраќањето на Бачев.

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE