„Astra-номско“: „Златен управувач 2022“ и бројни награди „Автомобил на годината“ за бестселерот од компактна класа на Opel

Прочитај за: 3 минути

Иновативен концепт на погон: „40th KS Energy and Environment Award“ за Vivaro-e HYDROGEN

Rocks-e: Autonis награда за „Најдобар дизајнерски новитет“ за иновативното лесно моторно возило

Crosscamp Flex: „“Connected Car Award” за идно кампер возило базирано на Zafira-e Life

2022 година беше навистина „Аstra-номска“ година за Opel.

Моделите на Blitz уште еднаш се покажаа како подеднакво популарни кај клиентите, експертите и специјализираната жири комисија. Ова го покажуваат продажните успеси како што е Opel Corsa, кој беше најпопуларниот мал автомобил во 2022 година според официјалните податоци на KBA (Федерална агенција за автомобили), или Opel Mokka, кое беше најпродавано електрично возило во својот сегмент во Германија наесен. Дополнителен доказ даваат бројните награди што Opel ги доби за своите иновативни модели, технологии и решенија – со наградата „Златен управувач 2022“ за новите Opel Astra и Astra Sports Tourer. Во 2022 година, речиси секој модел од гамата на Opel доби барем една награда.

„Емотивно, погодно за секојдневна употреба и пред се електрифицирано – ова е веќе нормално во Opel денес“, изјави извршниот директор на Opel, Florian Huettl. „Моделите како новата Astra, Grandland или Mokka покажуваат како ги инспирираме луѓето со решенија за мобилност кои се доказ за иднината. Ова е можно само со примерен тимски настап, а тоа го препознаваат и експертите и клиентите со бројни награди. Благодарам за тоа!”

На почетокот на 2022 година, Opel ја доби наградата „The ONE“ за „Најреномиран бренд за патнички автомобили на годината“ во Турција. Пристапна, иновативна и со големо внимание на деталите, Opel Corsa е многу популарна повеќе од 40 години. Бестселерот за мали автомобили минатата година доби неколку награди на важниот британски пазар: беше прогласен за “Best Fleet Supermini” од Fleet World, „Користен мал автомобил на годината“ како и „Половен автомобил на годината 2023“ во сите класи од купувачите на автомобили. Opel Mokka беше прогласен за „Автомобил на годината 2022“ во Латвија, „Ирски мал SUV на годината 2022“ во Ирска, а електричната Мokka ја доби наградата „Erin Baker“ во Велика Британија.

 

Astra ја освои наградата „Златен управувач“: во нова ера на Opel со серискиот победник

Есента, уште една голема чест му беше доделена на Opel кога новата Astra ја освои наградата „Златен управувач 2022“. А амбасадорот на брендот Opel, Jürgen Klopp, не можеше да го сокрие задоволството кога ја виде својата нова Astra за прв пат, изјавувајќи: „Леле, тука е“. Со својот атрактивен дизајн, врвни технологии и електрифицирана за прв пат како plug-in хибрид, новата генерација од компактна класа од Rüsselsheim ги убеди читателите на AUTO BILD и BILD am SONNTAG, како и стручното жири и како хечбег со пет врати и како караван Sports Tourer. Последната генерација на бестселери се искачи на врвот против силната конкуренција и ја освои една од најпрестижните награди во автомобилската индустрија како „Најдобар автомобил до 50.000 евра“. Така Opel го комплетираше извонредниот сериски успех: по Opel Corsa-e во 2020 година и Opel Mokka-e во 2021 година, посакуваната награда отиде во Rüsselsheim по трет пат по толку години. Сепак, како вистински „шампион“, новата генерација на Astra не останува само на своите ловорики. Независното стручно жири на GCOTY на „German Car Awards“ ја изгласа Astra за „Германски компактен автомобил на годината за 2023 година“. И караванот Astra Sports Tourer веќе ја освои наградата „ФАМИЛИЈАРЕН АВТОМОБИЛ на годината“.

На друго место, Opel Rocks-e ја импресионираше јавноста со сосема нов, сосема поинаков и целосно електричен пристап кон урбаната мобилност. Иновативното лесно моторно возило за двајца, носи освежување во својот сегмент – со стил кој е исклучителен во секој поглед. И така, читателите на auto motor und sport го изгласаа Rocks-e „Најдобар дизајнерски новитет за 2022 година“ во категоријата „Мини автомобили“ со огромно мнозинство.

И големите модели на Opel донесоа дополнителни трофеи. Читателите на AUTO BILD и COMPUTER BILD неодамна го дадоа својот глас и ја доделија наградата „Connected Car Award 2022“ на Crosscamp Flex, електрично кампер возило планирано врз основа на Opel Zafira-e Life. Дополнително, најпродаваниот електричен Opel Vivaro-e, добитник на „Меѓународно комерцијално возило на годината 2021“ сега ја носи и титулата „Комерцијално возило на годината во Ирска за 2022 година“. И иновативниот Opel Vivaro-e HYDROGEN ја доби “40th KS Energy and Environment Prize” во Германија.

За ЕУРОИМПЕКС

Компанијата Еуроимпекс е основана 1990 година како мала трговска фирма за увоз-извоз. Започнува скромно и по осамостојувањето на Македонија, Еуроимпекс е првата приватна компанија чие работење е насочено кон трговија со автомобили и моторни возила од лесна категорија уште од далечната 1992 година, со првиот увоз на Peugeot автомобили.

Соработката со брендот Opel ја започнува кон крајот на 2020та година со што прераснува во Генерален увозник и дистрибутер на брендот OPEL за Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија; Овој успех го круниса 30 годишниот јубилеј на Еуроимпекс кој беше одбележан истата година.