Апасиев до Филипче: Не затворивте во карантин со ПЕТ заболени, а денес кога има 900 заболени немаме никакви мерки

димитар апасиев, венко филипче
Прочитај за: 2 минути

Пратеникот Димитар Апасиев го одбележа носењето на Законот за заштита на населението од заразни болести со прашња упатени до Министерот за задравство Внко Филипче кои многумина од вас долго време ги поставуваат, но сега ги артикулира во Собрание пред широкиот аудиториум и за волја на вистината до денес сеуште чекаме одговор!

Ова се прашањата на Апасиев до Министерот за здравство:

„Министре ширите параноја, а не фактографија!

Го поулавевте народот со контрадикторни мерки.

Не затворивте во карантин со пет заболени, а денес кога има 900 заболени немаме никакви мерки.

-Фали споредбена анлиза на сите починати од сите причинители на смрт, а не само од Ковид-19, да не ширите параноја помеѓу народот!

-Фалат причини за големата смртност која што е кај нас кој што е енормна на Европско ниво, дали е поради загадувањето, дали е лошата исхрана на сиромашното население, дали се хронични болести, дали е секојдневниот стрес за гола егзисстенција.

-Фали колку е реалната бројка на заболени односно починати од Ковид без ваштачки допишаните. Имаме ситуации како починати од трауми како што беше велешкиот случај, кога паднат човек од дрво му пукнува слезенката, умира на операција, посмртно е позитивен и тој е впишан како починат од корона.

-Фали транспарентност за употребената терапија врз болните, дали е преинванзивна и фалат податоци за стекнување на колективен имунитет.

Друго што е проблематично се шизофрените мерки што се превземаат, како некој пијан шофер да управува со нашето здравство!

-Прво, хронично болните кои најмногу умираат ги пративте да одат на работа!

-Наместо да го појачате јавниот превоз, вие го редуциравте за да луѓето си дишат во врат секој ден додека одат и се враќаат од работа.

-Земате брисеви до 14,00 часот, наместо да работите 24 часа!

-На заменик министер му давате резултати за 2 часа, на обичен смртник 20 дена не може да закаже, ќе умре во комбето додека му земете брис.

-Вашиот алгоритам не дава да се тесстираш дури и да бидеш пред смрт.

На интензивна нега ги препремате луѓето за „задгробен живот“ и од таму е господине министер вашиот епитет.

НА респиратор ги ставате без обучен персонал, со дводневна обука, не знаат да ги интубираат. Нестерелизирани респиратори, респиратори кои не запад се согоруваат и фрлаат да не шират бактерии, а кај нас има интрахоспитални инфекции од бактерии кои не можете да ги излечите.

Немате власт над пола територија од државата. Не можете да спроведете мерки, верски лидери ви ги саботираат мерките и го прогласуваат „короната за умрено“, а вие немо посматрате за тоа.

Кредибилитет на тестовите ви е исто така под знак прашање и затоа имате здравство ставено на стентбај и тоа од корона која има 0.23% смртност, а луѓе со други далеку посериозни болест луѓе умираат затоа што не можат да добијат елементарен преглед.“

– Следи Македонски Весник за повеќе содржини –

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE