Апасиев кон СДСМ: Тој ваш фејкерски сдсесовски елитизам дека народот е стока, небањат и не почитува мерки направивте кластер од партијата на дигитален конгрес!

димитар апасиев, сдсм
Прочитај за: < 1 минута

По повод Законот за заштита на населението од заразни болести пратеникот Димитар Апасиев одржа интересен говор со кој се обрати на Министерот Венко Филипче, а кој стана хит на интернет, повелете:

„ГОВОРОТ НА ПРАТЕНИКОТ АПАСИЕВ ПО ПОВОД ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ И МЕРКИТЕ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО КОВИД-19

„Почитуван претседателе, почитувани колеги пратеници, почитуван заменик министер, веројатно, бидејќи министерот си отиде…

Јас сум доктор по право, не сум доктор по медицина, во медицината сум дилетант и она што ќе го кажам можеби ќе биде затемнето од неточности, меѓутоа на крајот од краиштата, никогаш не е докажано дека еден дилетант нема што да каже на одредена тема… Да се решаваше кризава со пресови, досега ќе ја решевме! На оваа седница, наместо контра-напад кон опозицијата, очекував извинување до нацијата од ресорниот Министер за Задгробен Живот, контра-пленумецот Пленумче, за сите грешки коишто ги направи во менаџирање на кризата…

Имено, во античките текстови зборот “кризис” значи момент на дијагностицирање, кога докторот одлучува дали пациентот ќе преживее, или ќе умре. Акцентирам дека тоа е момент, а не трајна состојба – како што, под раководтво на еден неспособен министер, ова нас ни’ стана и очекував ОСТАВКА од министерот, заради неспособноста да ја менаџира кризата и ситуацијата…”

– Следи Македонски Весник за повеќе содржини –

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE