
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев на својот фејсбук профил членовите на ВМРО-ДПМНЕ ги нарече куртони, откако во јавноста се појави информација дека двајцата пратеници на Левица денеска останале во Собранието и направиле кворум за гласање.
– КАКО РАЗМИШЉА ПРОСЕЧЕН ВМРОВСКИ КУРТОН:
„Кацарска ја бираат у 16:00. Апасиев си иде у 13:00, после кавгата со Џафери. Ама, он напраил кворум, а не СДС+ДУИ кои веќе имаа 61 пратеник у сала!?“
p.s. Во услови кога Заев е во нокдаун, ДПМНЕвските загари, по директива од Белата палата, пред вечерашниов општонароден протест, отвора непотребна медиумска војна против опозиционата Левица!? Оттука, можете да видите колку се кусогледи и кој за кого одработува 😉