Алими поднел амандман за формирање на една изборна единица од 2080 година

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Алими, поднел различни амандмани со цел да ги блокира измените на Изборниот законик во насока на формирање на една изборна единица, кои предвидуваат една изборна единица да профункционира секоја година во периодот до 2080. Според Лилјана Поповска од ДОМ, овој потег е несериозен и потценувачки кон Собранието.

-Еден ист пратеник поднел серија амандмани со кои се менува само датумот на важење. Содржински, амандманот нема никаква логика, едноставно се работи за игра на зборови. Барал законот да важи од 20 јули 2051 година, потоа поднесува друг амандман, во кој бара да се применува од 11 октомври 2071, па имаме 28 октомври 2080. И така пратеникот во рок од 50 години си ги менувал датумите на амандманите. На ваков начин не само што се блокираат законите кои ги иницираме, туку се изигрува институцијата – рече Поповска.

loading...
SHARE