Предлог на Алијанса за Албанците: Привремено ослободување на затворениците и нивно тестирање

Прочитај за: 2 минути

Одделот за правда при Алијансата за Албанците изразува загриженост за една категорија на луѓе, граѓани на РСМ како сите нас. Бидејќи нашата држава е во вонредна состојба и се бори против коронавирусот, скоро ги заборавивме затворениците, велат од партијата преку соопштение.

Друго место каде што би можело да има смртоносен излив не значи дека мора да биде еден крстаречки брод, една конференција ниту пак едно училиште, тоа може да се случи во кој било од затворите во земјата, објаснуваат од таму.

„Во затвор многу луѓе може да бидат сместени во една ќелија. Затворските сали за собир се тесни (затоа што на овој начин се олеснува контролирањето на затворениците). Нема простор за физичко растојание или пак простор за почитување на другите препораки за спречување на ширењето на вирусот.

Една инфекција во еден затвор може да го оптовари здравствениот систем, бидејќи стотици луѓе можеби имаат потреба од медицинска нега што самите затвори не можат да ја обезбедат.

Не смееме да заборавиме дека затворениците се луѓе, родители, и имаат семејство и тие имаат права и заслужуваат еднаков третман во овој период на пандемија.“, порачуваат од Алијанса за Албанците.

Тие изразуваат загриженост дека ваквата појава не само што може да зарази стотици луѓе во затворот, туку потенцијално би можело да го шири вирусот и до казнено-поправниот персонал.

„Затоа, ние како Алијанса за Албанците ги повикуваме надлежните органи и тела да преземат конкретни мерки во затворите:

– привремено да се ослободат затворениците
–  контрола и тестирање на сите затвореници
– Подобрување и одржување на соодветна хигиена на затворениците и вработените во затворите
– откажување на сите активности, програми и посети, заменувајќи ги со видео разговори и телефонски разговори секогаш кога е можно.

За навремено спречење на вирусот, ја повикуваме владата да преземе конкретни мерки во однос на ова прашање што е можно поскоро.“, се наведува во соопштението на Алијанса за Албанците.

SHARE