[Видео] Али Ахмети: Тоа што објавува Ел Чека се само мали меурчиња – не занимавајте се со него

Претседателот на ДУИ Али Ахмети на изборното собрание во Чаир зборуваше и за бомбите што ги објавува Шеќерим Ахмети – Ел Чека. Тој ги нарече празни нешта и ги повика другите политички партии да ги измерат силите со партиските програми.

Тоа што објавува Ел Чека се само мали меурчиња, не занимавајте се со него, рече Ахмети.

Од вкупно 63 делегати, присутни беа 61, кои едногласно гласаа за Меџити. Изборното собрание исто така избра 21 член на раководството на огранокот.

loading...
You Might Like
SHARE