„Ако Албанците бидат под 20%, нема да ги прифатам резултатите“, дециден Адеми

адеми
Прочитај за: < 1 минута

Донесувањето на Законот за попис останува под знак прашалник, бидејќи сѐ уште не е изгласан во Собранието. Аргументи за ова прашање во синоќешниот дебатен магазин „Клик Плус“, изнесоа пратениците Халил Снопче и Арбр Адеми. Пратеникот на Коалицијата Алијанса за Албанците-Алтернатива, рече дека пописот наидува на разни мистерии, но додава дека треба да биде празничен ден за граѓаните.

-Пописот треба да биде празничен ден каде граѓанинот ќе даде информации за себе, за својот имот. Граѓанинот ќе даде информација бидејќи е фактор, субјект во оваа држава-рече Снопче.

Пратеникот од редовите на ДУИ, Арбр Адеми, рече дека доколку на пописот излезе дека Албанците се помалку од 20%, тогаш нема да ги признае резултатите. Тој меѓу друго говореше и околу новините во Законот за попис.

Х.С: Ако Албанците излезат 19%, дали ќе ги прифатиш резултатите од пописот?

А.А: 19?! Никогаш, никогаш!

Адеми, како поранешен министер за образование изнесе и податоци за бројот на запишани ученици од учебната 2017/18.

-Дали може како министер за образование да споделам еден податок со вас – бројот на учениците за учебната година 2017/18 е 121 илјада и 272 Македонци, односно 64.22%, а 60.709 Албанци, односно 32.15%-рече Адеми.

И според Снопче, Албанците во Македонија се над 29%. Вели дека немаат доверба во Државниот завод за статистика за спроведување на пописот.

Повеќе >> Infomax

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE