
Собранието на Р.Македонија на 19 јуни донесе одлука со која го укина финансирањето на политичките партии како мерка на солидарност со кризната состојба и пандемијата, а со цел да им се помогне на здравствените работници во борба ссо коронавирусот.
Во насока на подобрување на кондицијата на буџетот и обезбедување на дополнителни средства за покривање на буџетската дупка, Владата донесе одлука да се зголеми царинта за увоз на горивата за 3 денари.
Шест месеци подоцна Собранието едногласно изгласа да додели 3.5 милиони евра за финансирање на политичките партии, без никаква дебата, ниту амандмани, ниту јавна дебата, но акцизата од 3 денари не се укина и остана во сила да го полни буџетот.
Не е јасно зошто политичките партии на товар на граѓаните ќе се финансираат со 3 милиони евра, ако акцизата која беше зголемена за 3 денари остане во сила поради пандемијата? Зошто граѓаните и приватните стопанственици да имаат дополнителен товар?