Владиката Агатангел: Ги прскавме улиците со света вода за спас од коронавирусот

Владиката Агатангел
Прочитај за: < 1 минута

Откако на социјалните мрежи се појавија многу коментари, фотографии и видеа од акциите на поповите од Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, преку својата Фејсбук страница се огласи и Повардарската епархија на МПЦ-ОА.

„Следејќи ја традицијата на Светата Православна Црква, кога за време на војни, суша, земјотреси, епидемии и други несреќи, во минатото биле спроведувани литии со икони, крстови, света вода и свети мошти, со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, денес, во сите градови и населени места од Повардарската епархија со света вода беа попрскани улиците, беше прочитана молитва и беше побарано благослов од Бога за престанок на глобалната пандемија и на погубната зараза. Следејќи ги препораките од државните органи, за да не се собира голем број на народ, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, благослови овој чин свештенството да го отслужи во движење, со помош на возила, што е редовна пракса при вакви вонредни состојби и во други држави и помесни Православни цркви.

Бог да ја благослови нашата татковина Македонија и нека ги штити од разни болести и зарази сите оние кои живеат во неа“, стои во соопштението.

SHARE