Алтернатива и Алијанса поднесоа интерпелација за Спасовски, ВМРО-ДПМНЕ ќе бара гласање на доверба на владата

Прочитај за: < 1 минута

Пратениците да се изјаснат дали се за апсење на Мијалков или го поддржуваат неговото бегство, бараат од Алтернатива и Алијанса за Албанците, кои поднесоа интерпелација за министерот Оливер Спасовски во Собранието. Причина е бегството на Мијалков, за кое се убедени дека е поддржано од власта. Бараат и од претседателот на Собранието итно да свика седница со оваа точка, објавува Телма.

За ВМРО ДПМНЕ не е доволна оставка од Спасовски. Најавија дека ќе бараат гласање на доверба на владата. Бараат формирање на експертска влада до локалните избори кога би се одржале и вонредни парламентарни избори.

Одговорност од сите кои намерно, ненамерно или од незнаење направиле пропуст или можеби свесно му овозможиле на Мијалков да избега, побара и коалициониот партнер во власта, Павле Трајанов.Потсетува дека, најголемата одговорност за нефункционирањето на системот и на безбедносните структури ја има владата. Доколку има основа за политичка одговорност, таа треба да се понесе, а тој лично ќе стои зад тоа, без оглед за кого се работи и на која позиција е во моментов.

Од ДУИ не сакаа да коментираат за случајот. Им оставаат простор на институциите да им дадат одговор на граѓаните.

Извор: infomax.mk

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE