Објавени имињата на 55. хонорарци: Кои се имињата на овој список на Владата?

Прочитај за: < 1 минута

Владата денес ги објави имињара на хонорарците кои се ангажирани, а кои ја кренаа јавноста на нозе во изминативе денови.

На оваа листа, се најдоа имиња кои и тоа како и се познати на јавноста. Оттаму, Петрит Сарачини зема хонорар во висина од 42.000 денари за Акумулирање, средување и анализа на информации и податоци за изготвување извештај со елаборирање и презентација за координација на медиумски мониторинг. Исто така, тука е и универзитетскот професор, Ванчо Узунов кој зема хонорар во висина од 53.000 денари, и тоа за ангажман: Координација на активностите поврзани со регионалната економска интеграција на Република Северна Македонија со позиција (ШЕРПАС) – национален координатор за МАП и РЕА, како и поддршка на активностите на тимот за скрининг и преговори.

Од Владата велат дека согласно заложбата за отвореност, транспарентност и достапност на сите информации од интерес на јавноста, објавувањето на оваа листа потврдува дека нема тајни хонорарци, ниту се анонимни, ниту тајно ангажирани. Точно се знае за што Владата ангажира физички лица надвор од редот на вработените, за кој временски период, за колкав финансиски надомест. Тие ангажмани се строго професионални и се реализираат во целост.

Комплетниот список на имиња можете да го проследите на следниот линк.

Извор: lokalno.mk

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE