Не биле 300 пилоти, туку биле пилот проекти

Не сме ветиле вработување на 300 пилоти во Арачиново, туку реализација на пилот-проекти, одговори премиерот Зоран Заев, на новинарско прашање по изјавата на жител на Арачиново дека тој и СДСМ пред изборите ветувале дека 300 жители од оваа општина ќе бидат вработени како пилоти.

– Треба да внимаваме на лажни вести како што е оваа, во Арачиниво ветивме реализација на пилот-проекти и тие заедно со општината се реализираат. Вработување на 300 пилоти нема ниту во мое Муртино, ниту за Скопје, ниту за земјава – одговори Заев на прес-конференцијата во владата на која денеска беше промовирана еколошка мерка и план за чист воздух во четири градови во земјава.

loading...
You Might Like
SHARE