11 годишно девојче најдено мртво во штипското село Парналија

Прочитај за: < 1 минута

11 годишно девојче било најдено мртво вчера во селото Парналија на планината Плачковица, јави штипската полиција.

Телото на девојчето било пронајдено пред помошен објект во селото. Полицијата и медицинската екипа не утврдиле траги на насилство на телото, а причината за смртта се уште не е објавена. Телото било предадено на семејството додека полицијата го истражува случајот.