100 илјади живеат во сиромаштија – 500 илјади граѓани денот го поминуваат со 130 денари

Прочитај за: < 1 минута

Питачи на секој чекор кај Камен мост, во Старата скопска чаршија, но и на други места. Ковид- 19 уште повеќе ја влоши финансиската состојба на граѓаните. Студијата на Институтот Finance Think покажа дека поради пандемијата околу 100.000 граѓани во земјава живеат во сиромаштија. Речиси 500.000 граѓани денот го минуваат со помалку од 130 денари, додека 25.000 луѓе трошат по 44 денари на ден. Од Институтот сметаат дека младите до 29 години и луѓетокои земаат со ниски плати, се најпогодени од ситуацијата. На Светскиот ден за борба против сиромаштијата, премиерот Зоран Заев им се обрати на граѓаните преку видео-порака. Заев порача дека нема да дозволи никој да остане незгрижен, објави ТВ21.

Веднаш со реакција се јави и опозициската партија, ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата го обвинија Заев дека ја осиромашил земјата и дека економските пакети не дале никаков ефект.

loading...

„Над 40.000 граѓани останаа без своите работни места во ек на пандемија. Четвртиот пакет на мерки како и сите претходно за време на коронакризата беа ненавремени, задоцнети и недоволни, СДСМ остави на цедило над 14.000 мали претпријатија сами да се справуваат без никакви приходи. На Светскиот ден за борба против сиромаштија СДСМ може да се пофали со над 450 илјади граѓани на раб на егзистенција“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Владата на Заев ја зголемила стапката на сиромаштијата за 6%, осврнувајќи се и на покачувањето на електричната енергија за 7.4%.

Извор – tv21.tv

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE