Претставниците на германските компании во Македонија повторно побараа државна помош, велејќи дека се соочуваат со сериозни проблеми поради војната во Украина и драстично поскапената струја.
Мерки кои би помогнале се било каков вид на субвенции, даночни олеснувања, за трошоците за енергија, посебен пакет мерки за нето извозници и дополнителни субвенции за планирање капитални инвестиции кои се одговор на компаниите кои се борат со екстерно наметнати шокови и предизвици, рекоа од асоцијацијата на германски компании во Македонија.
Според анкета спроведена меѓу компаниите, тие велат дека најголем проблем се зголемените трошоци за енергенси и репроматеријали. Премиерот Димитар Ковачевски одговори дека кризата е можност производствени капацитети во подалечните делови на светот да се донесат назад во Европа.