Дваесет и двегодишниот правник од Скопје им одржа лекција за соживот на сите политичари и политички партии:
Добро утро чесни граѓани, добро утро украден и исцрпен народ.
Денес, сите, амаа сите одиме пред Влада!! Никој, ама никој не може да го упропасти протестот и да ја омекне еуфоријата. Некои исфрустрирани поединци како и други платеници не можат да претставуваат поголемо зло од оваа багра што се на власт. Некои албанци што делеа тендери, местеа судии и обвинители, измонтираа разни случаи и беа „верни до смрт“ на Мијалков не можат да солат памет дека некој албанец бил предавник ако седел во иста линија со Апасиев и другите. Овие протести не се и ниту треба да бидат само за интересите на едната страна. Овие протести се за сиромаштијата, криминалите, корупцијата баграта во судството итн, а овие прашања не опфаќаат сите нас. Оваа борба е заедничка и заедно треба да ја тераме. Ниту ЕУ ниту било кој друг не може да не сака и почитува колку што можеме ние меѓусебе да се сакаме и да се почитуваме, па макар и на леб и сол да останеме и покрив над глава да немаме.
Се гледаме! За Македонија, напиша Муамеди.