По скандалот на Детска клиника, новинарот Фуркан Салиу на фејсбук напиша дека прв пат му се случува некој да се јави кај неговите родители да бара да не се објавува информација. Салиу и порача на докторката Аспазија Софијанова наместо да се заканува на вработени со бркање од работа ако не најдат кој ги дал информациите, да се потруди да даде одговори на прашањата:
„Седум години во оваа професија, прв пат ми се случува некој да се јави кај моите родители за да побара нешто да не се објави. А да не зборувам за заканите од директорката за тужба.
Работа ни е да прашуваме за да нешто се потврди или негира, но од видеото јасно може да се види дека директорката инсистира да дознае од каде се земени документите, а многу помалку се труди да одговори на дилеми кои се појавија од документите кои ги добивме.
Директорке, не е фер да се заканувате на вработени дека ќе ги избркате од работа ако не се најде кој ни ги доставил документите, подобро е да се потрудите да најдете одговори. Денеска дојде новинарска екипа, утре можеби од обвинителство… ИТН“, напиша Салиу на фејсбук.