Кај пациентите со тешка болест на аортната валвула, аортна стеноза (стеснување), единствено решение е замена на аортната валвула. Замената може да се изврши со помош на кардиохируршка операција или ТАВИ процедура.
Класичната операција како решение за замена на аортната валвула вклучува бројни ризици, како и поспоро опоравување. Додека пак, ТАВИ методата исклучува операција т.е отворање на градниот кош на пациентот.
Клиничката болница Жан Митрев е предводник на воведувањето и практикувањето на оваа процедура во нашата држава. Конкретно тимот на Ангиографија е одговорен за многу успешни приказни кои изминативе години излегоа од ангио салата на оваа наша врвна клиничка болница. Токму тој тим ви го претсавуваме преку работата на сестрата Соња Русевска која својот професионален развој го усовршува токму во овој тим.
Кога нешто се работи од срце успехот е неизбежен. Кога пак се споменува срцето тогаш целото внимание е на највисоко ниво. Исто така срцето и се она што значи медицина а поврзано со срцето едноставно не може да се поврзе со ниеден друг бренд освен со брендот Клиничка болница Жан Митрев – врв во современата медицина и синоним за успех, мотивација, живот…
Меѓу многуте тимови кои вредно работат во оваа наша клиника се сретнува и тимот на Ангиографија каде што ја запознавме сестрата Соња Русевска – ведра, исклучително внимателна и професионална личност која знае да влее доверба кај пациентите и да даде белег на сигурност, внимание и љубов кон пацинетите и својата работа.
Токму една таква пожтвуваност вроди со плод изминатиов период каде тимот на Ангиографија на Клиничка болница Жан Митрев ја усоврши и бесперкорно ја практицира ТАВИ процедурата.
Transcatheter aortic valve implantation или позната како ТАВИ процедура, во Zan Mitrev Clinic се изведува доста успешно, во која активно учество зеде и својот успех го покажа за припремање на биолошките валвули, и медицинската сестра со долгогодишно искуство во тимот за Ангиографија Соња Русевска.
Беспрекорно вешто со едукатори од Индија, со методата на кримпирање таа го усоврши целиот процес на подготовка на специјален балон прецизно да ги кримпира биолошките валвули вградени во протеза од метална мрежа, слична на коронарна стент, значително поголема, и со асистенција да ги вградат со тимот од Ангиографија.
Овој тим на оваа наша клиника е еден од ретките на Балканот кои ја усовршија оваа метода со која се спасуваат стотици животи.
Конкретно Русевска беше поканета и на едукативен настан за ТАВИ процедури и на Клиниката за Кардиологија каде успешно ја афирмираа својата матична клиника и ги мултициплираше своите знаења и вештини споделувајќи ги со професионалците од својата струка.
Таа е единствена сертифицирана за подготовка на валвули за ТАВИ од фирмата со која соработува клиниката.
– Мојата способност беше нотирана од претставникот на фирмата, и истиот ме сертифицира за оваа работа. Како единствена сертифицирана за овој дел од процедурата, од фирмата ме побаруваат за подготовка на истите валвули во Источна Европа и во регионот. Горда сум на мојата матична клиника, „Жан Митрев“ која ми овозможи професионален развој кој секојдневно значи нова надеж за многу пацинети – вели Русевска.
Таа е горда на својот тим од секојдневно црпи енергија и знаење, подршка и мотивација да продолжи понатаму.
– Имам среќа да бидам во тим на вистински професионалци. Луѓе за кои медицината значи стил на живот и љубов која не се мери со ниту една досега позната мерна единица. Многуте работни часови со доктор Иван Милев, со докторка Вилма Ампова, со доктор Шпенд, Никола Христов, со тимот на анестезиолози, радиолози ме направи прецизен дел на часовникот кој секојдневно отчукува точно, прецизно време кое значи живот за многумина. Среќна сум што мојата клиника во која работам овозможува достапност и практикување на насовремените методи на работа со опрема која е посебен крик на техниката и технологијата. Едноставно, треба само да сакаш да успееш и ќе успееш – заклучува Соња.
Иако ТАВИ сеуште се смета за релативно нова процедура, таа е во широка употреба и е одобрена во САД и во Европската унија за третман на одредени високоризични пациенти со тешка аортна стеноза.