За време на говорот во понеделникот во Мексико Сити, во врска со зголеменото присуство на Нетфликс во Латинска Америка, извршниот директор Рид Хестингс објасни како емитуваната телевизија ќе биде уште една жртва на еволуција. Според “Холивуд репортер”, Хастингс тврди дека “емитуваната телевизија веројатно ќе трае до 2030 година.
Хестингс го шири евангелието за смртта на телевизијата со години. Назад во април 2013 година, во документ од 11 страници објавен на веб-страницата на Netflix, главниот извршен директор предвидуваше свет без каналски пакети и дека “во текот на следните децении интернет-телевизијата ќе ја замени линеарната телевизија.
Како резултат на тоа, огласувачите предвидуваат да трошат повеќе на дигитални платформи отколку на телевизијата за две години.