Поранешниот премиер Никола Груевски откако избега во Будимпешта, преку неговите адвокати изминатите четири месеци го затрупал Апелацискиот суд во Скопје со жалби за определниот пртивор во предметите на СЈО.
Ова го покажа седмиот шестмесечен извештај кој го објави специјалното јавно обвинителство. Во извештајот на СЈО пишува дека Груевски преку неговите адвокати се жалел до второстепениот суд дека му е определен притвор во предметите: „Траекторија“, „ТНТ“ „Насилство во Центар“ и „Талир 2“.
На Груевски во овие предмети, освен во „Талир 2“, му се суди во отсуство. За некои од жалбите на Груевски скопска Апелација сe` уште се нема произнесено. Сите останати жалби на Груевски судот му ги одбил, а негативно мислење за жалбите дало и СЈО.
На 13 ноември 2018 година, беше распишана меѓународна потерница, откако меѓу 9 и 10 ноември, Груевски избега кон Будимпешта. Пратениците во Собранието со 62 гласа „за“ на крајот на ноември лани изгласаа да му се одзеде имунитетот на пратеникот Никола Груевски. Поранешниот премиер е осуден на 2-годишна затворска казна за притивзаконито влијание при набавката на луксизниот „мерцедес“.
(Извор: Новатв.мк)