Поранешниот премиер Никола Груевски реагираше на денешната пресуда во случајот ТНТ, во која беше осуден на 11 години затвор затоа што наводно наредил да се урне комплексот Космос на Фијат Цаноски.
Во долг Фејсбук статус, Груевски посочи на поврзаноста на овој случај со скандалот Рекет 2, во кој стана јасно дека човек близок на Цаноски платил голема сума пари на Боки 13, човек близок на обвинителката Катица Јанева. Според Груевски, овие пари помогнале да се дојде до денешната пресуда, по која Цаноски се надева дека ќе добие 11 милиони евра оштета.
Сопственикот на фирмата “ФИНЕ”, Фијат Цановски во судот призна и потврди дека се обидувал по политчки пат да си го реши проблемот за неговото неодговорно однесување и незаконско градење. Тој во судот потврди дека барал политичко а не правно решавање на проблемот кој го создал а кој бил правен, затоа што свесно и со намера заради поголем профит направил сериозне законски престап, потврден со дури 36 судски пресуди. Очигледна е поврзаност на овој предмет наречен ТНТ со предметот наречен “Рекет 2” каде Ардијан Амзовски, директорот на ФИНЕ кој заради незаконското работење добил и кривична пријава заедно со Фијат Цановски како сопственик на фирмата, исплаќа голема сума на пари на Бојан Јовановски и потоа по порака му се заблагодарува за повлечениот обвинителен акт, пишува Груевски.
Тој го посочува и судијата Огнен Ставрев, кој повеќе години го водеше процесот кон денешната разврска.
Сите знаат се и независно кој од која политичка провиненција е, после ова што се случува со овој предмет во обвинителството и судот, никој нема храброст да излезе на терен и да постапи по закон. Дивоградбата ќе се догради, становите и дуќаните ќе се продадат и на крај сите ќе кажат дека е доцна да се руши зграда дивогрдба полна со вселени станари со платени станови. Тоа во најмала рака се викасе вика “градежна мафија и слаби институции во држава каде владее мафијата “и не спроведување на правото, но тоа има корен токму во овие политички прогони, кои во овој случај имаат и криминални мотиви, односно мотиви некој да добие и подели 11 милиони евра оштета, вели Груевски.