Новинарот и член на Македонски манифест, Дардан Венетски им се обрати на поглаварот на МПЦ-ОА и Синодот, со прашање зошто молчат за признавањето на црквата од страна на Руската православна црква?
„До дедо Стефан и неговиот Слеп Архиерејски Синод. НЕ ВИ Е СРАМ ДА МОЛЧИТЕ ЗА ПРИЗНАВАЊЕТО АФТОКЕФАЛНИСТ НА МПЦ-ОА ОД СТРАНА НА РПЦ? Кога Вартоломеј и Вселенската Патријаршија не внесоа во канонско единство со останатите православни цркви ги вклучи сите камбани по црквите, за да го прослават бришењето на МПЦ-ОА и бришењето на македонските цркви во дијаспората.
Сега кога Руската православна црква не призна под полниот назив како МПЦ-ОА, молчите како риби и ќе сте чекале ТОМОС од фанариотите кои бришат патос со македонските верници и МПЦ-ОА.
КАКО НЕ ВИ СРАМ? СО ЦЕЛ УМ МИСЛИТЕ ДА ГИ ПРЕВЕСЛАТЕ МАКЕДОНСКИТЕ ВЕРНИЦИ КОИ СО СВОЈА КРВ ВО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА СЕ ИЗБОРИЈА ЗА СВОЈА МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА И ДА ГО ИЗБРИШЕТЕ ПРЕДЗНАКОТ МАКЕДОНСКА?“, прашува Венетски.