Професорката Билјана Ванковска смета дека нема потреба да се организира референдум за прашање кое опозицијата може да го реши веднаш што дојде на власт. Ванковска исто така реагира на прашањето за изјаснување на кое граѓаните кое според неа е вртење како „киша око Крагуевца“.
„Референдум – да! Но, не за прашање кое не бара поголем политички и правен напор и кое е во рацете на владата. Прочитајте го Договорот со Бугарија да видите дека опозицијата ќе може да го раскине ВЕДНАШ штом дојде на власт. И сега бараат од нас да гласаме ЗА (наместо ПРОТИВ) на прашање кое е “као киша око Крагујевца”.
Договорот со Бугарија можеби беше/е коренот, но во меѓувреме стеблото беше калемено, мутираше и почна да дава “француски/европски” плодови кои не беа содржани во оригиналниот договор. И станаа дел на преговарачката рамка.
Референдумот требаше да се однесува на одлуката на Парламентот од јули оваа година! Нам не ни е проблем (само) Бугарија, туку ни треба гласно НЕ пред ЕУ која го благослови бугарскиот национализам и шовинизам вграден во рамката.
Не знам како можеше ДПМНЕ да донесе ваква одлука кога во своите редови ја има професорката Силјановска, која веројатно не е ни консултирана“, пишува професорката Ванковска, пишува Ванковска.