Петар Богојески посочува на важен момент во неодамнешното интервју на Љубчо Георгиевски за бугарските медиуми, во кое тој зборуваше за големите отстапки кои Македонија била подготвена да ги направи и да се откаже од историски личности како Гоце Делчев, цар Самоил и средновековните светци.
БЕЗ да ги коментирам Љубчо и Заев… знаете ли што е тука скандалозно?!?
Официјален човек од власта, Љубчо Георгиевски јавно на ТВ признава дека разговорите за историјата не ги водат стручни и компетентни лица од Комисијата, туку тоа го прават политичарите од власта. После ова признание, повеќе од јасно е зошто немаме сеуште решение за бугарското прашање и зошто нема да имаме!
Штом Заев кажувал кој историски лик ќе го дадеме, а кој не, а не се говори со историски аргументи за „објективизација на историјата“, тогаш навистина се чудам како ние имаме држава! Оваа изјава на господин Георгиевски е доволна причина ОЈО да отвори истрага, во Собрание да се формира анкетна Комисија за утврдување на фактите и одговорноста на политичарите за злоупотреба на службена положба и овластување преку трампа на историја, култура, идентитет и сл.
ОПОЗИЦИЈА дали се слушаме? МКонцепт нема пратеници и не можеме да покренеме постапка… но добар дел од пратениците се од опозицијата и тоа го можат!
Ова не смее да помине незабележано и неказнето, а сега вие си знаете!