По иницијативата на францускиот претседател Емануел Макрон за поделба на Европа во две унии, Петар Богојески прогласува дека се работи за тажна вест, и дека Македонија губи секаква надеж за полноправно членство во ЕУ.
ТАЖНА ВЕСТ
Официјално ЕУ не извести дека стануваме асоцијативна членка на ЕУ, што значи никогаш полноправна членка!
Тоа е “новата ЕУ” за сиромаси!
Ние сме во екипа со Грузија, Украина, Косово, Босна… а бевме пред Словенија и Хрватска!
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОР
Согласно Преспанскиот договор, доколку не започнеме преговори со ЕУ, тој не може да се имплементира, што значи станува беспредметен!
Ние мораме да почитуваме меѓународни договори, што значи мораме да го почитуваме и Преспански договор!
Ако го почитуваме, тогаш треба да го прогласиме за неимплементирачки / невозможен, а со тоа и неважечки!
Од утре да започнете со бришење на “северна” од сите документи и сите институции, согласно барањето и одлуката на ЕУ! Ние ЕУ ја почитуваме и мораме да постапиме по Договорот и Одлуката!
Да ја известиме Република Грција дека треба да се преговараат нови одредби на Анекс на Преспа или целосно нов Договор за добрососедство!
Со ова и официјално “северна” отпаѓа од името на земјава! Нема потреба ниту од собраниски одлуки, тоа отпаѓа по сила на самата Преспа, која има одредби за истото!
Чао ЕУ, чао Преспа!
Се гледаме во некои подобри времиња!
Ваша драга Македонија!
*а за ова, за ова треба да има тешка одговорност дома за наспособниве!