Цитирајќи стихови од исламската света книга Куранот, лидерот на ДУИ Али Ахмети на партискиот собир во тетовското село Желино кажа дека во разговорите на македонските политичари им рекол дека Македонците му биле вазали на Белград до 1990 година.“ – објави ТВ Клан Македонија.
„Јас знам каде е болката на Мицковски: ние тргнавме кон ЕУ и не може никој да не запре!“ – истакна првиот „интегративец“, повторно упатувајќи му своја порака на претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски, но многу повеќе и кон македонскиот народ, посочувајќи да се знае кој е кој.
“Албанецот е оној што донесува одлуки и тој е факторот во оваа земја: Бујар Османи нè претставува во ОБСЕ, министерот за финансии нè прави горди во Свеската банка, исто така и министрите Насер Нуредини, Крешник Бектеши, или Артан Груби… Колку повеќе вредности инсталираме, толку повеќе непријатели си создаваме. На Мицковски ова не му се допаѓа и јас знам зошто, јас не отидов во Хаг, бидејќи мојата војна беше праведна, затоа Мицковски нека не ми одговара на мене со калашников! Тој ја видел војната само на телевизор, а јас имам потпишано меѓународен договор со НАТО, Америка и со Европа.“
Од нивниот партиски собир во Желино Ахмети посебно го нагласи нивниот „придонес кон спорот за името“ и Преспанскиот договор: „Зошто ние инвестираме во стабилноста? Придонесовме кон решението за спорот за името, седнавме на преговори, за да го одведеме овој регион на патот кон мирот и стабилноста. Но, времињата се сменија, не треба да се повторува трагедијата на овој народ, туку треба да размислуваме за новите можности. Имаме рани, кои не зараснуваат , многу луѓе загинаа за оваа држава и одмаздата не е решение.“