Ќе играме пријателски натпревар со репрезентацијата на Украина?

Прочитај за: < 1 минута

Украинската фудбалска репрезентација сака да одигра вежбовни натпревари со Франција и со Македонија, за да се подготви за својот дуел со Шкотска за можно место на Светското првенство.

Натпреварот со Шкотска беше одложен поради рускиот напад врз Украина. Победникот од овој натпревар ќе игра со Велс на 5 јуни во Кардиф. Украинските власти им дадоа посебни дозволи на репрезентативците и на стручниот тим да можат да ја напуштат земјата, и покрај тоа што на сите воено-способни мажи тоа им е забрането, за да можат да се подготват што е можно подобро за дуелите со Шкотска и евентуално со Велс.

SHARE