„Ќе го најдеш синот во ендек!“ Кој му се заканува на вмровскиот кандидат за градоначалник?

Прочитај за: < 1 минута

Плусинфо неофицијално дознава дека заканувачот В.Р. во полиција признал дека бил поттикнат од кандидат на советничката листа на СДСМ и дека од него му било ветено вработување. Тој пред три дена упати закани по животот за синот на д-р Борче Јовчевски кој е кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО- ДПМНЕ.

Еве што напиша заканувачот во постот објавен на Фејсбук:

„Наскоро и прислушкуваните разговори за Борчево ке бидат излезени во јавност, па да видите како приватно договара за поткуп на гласачи. Повлекувај се од кандидатура ако ти е мила фамилијата во спротивно ќе го најдеш и помалиот син во некој ендек фрлен како куче“, пишува на профил на Фејсбук извесен В.Р кој во политички цели ја злоупотребува семејната трагедија на докторот Јовчески.

Извор: Плусинфо

SHARE