Ќерката на Чавков со закани кон премиерот Заев

Прочитај за: < 1 минута

По вчерашното апсење на поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков неговата ќерка на нејзиниот ФБ – профил упати јавни закани кон премиерот Заев.

-Заев, арамијо една! Бегај подалеку дури имаш странски пријатели! Канибалец!, напиша Зорица Чавкова, ќерката на Митко Чавков.

Чавков, како што објави Сител, е пренесен во истражниот затвор во Шутка откако Основното јавно обвинителство побара притвор поради добиени сознанија дека подготвувал бегство.

По добиени сознанија и поради страв дека обвинетиот ќе се даде во бегство и ќе се крие со цел да ја избегне кривичната одговорност, обвинителството побара од Основниот суд Скопје 1 – Скопје да му биде определена мерка притвор.

SHARE