Јошевска Анастасовска: Држава во која не гледаат „ништо спорно“ без факултет да се полага правосуден НИ-КО-ГАШ нема да биде правна држава

Прочитај за: < 1 минута

Држава во која од Академијата за судии и обвинители не гледаат “ништо спорно” во тоа што било пракса СО МОЛБА да се дозволи полагање правосуден испит без завршен факултет, во која државен факултет за завршени 3 години давал потврда како за завршени 5 (во над 400 случаи потврдени од инспекторатот) и во која чуваме документи за положен правосуден пократко од што чуваме сметки за струја, вода и парно, никогаш, ама ни-ко-гаш нема да биде правна држава.

Следно на темава можеби ќе се навратиме кога детето ќе стане судија. И толку ќе биде.

(фејсбук статус на адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска)