
Оливер Спасовски ќе правел АНАЛИЗИ за Ангел Џамбаски Подобро би било да си ги пакува полека куферите и да се симне на земјината топка од Уран каде живееше 6 години. Освен ако не мисли последен да дознае дека прикаската на СДСМ заврши.
Прашан можно ли е некому да не му биде дозволено да ја помине македонската границата и конкретно како ќе биде постапено доколку в сабота во земјава пристигне европратеникот Ангел Џамбаски, Спасовски повтори дека секоја одлука ќе биде согласно анализите.
– Реков дека анализи ќе се прават и врз основа на тие анализи ќе ги носиме одлуките во секој поглед. Меѓутоа едно треба да бидат сигурни граѓаните дека никако нема да дозволиме навреди и организација на понижување на македонската држава и македонскиот народ, порача Спасовски.
(фејсбук статус на Јорданка Ивановска Јоци)