Јоци за новата СДСМ: БЦ ќе делува од страна, во сенка доминираат проруски ликови кои со години финансираат сајтови со говор на омраза и лажна пропаганда

Прочитај за: < 1 минута

Јорданка Ивановска Јоци објави нејзините информации во врска со најавите за нова партија зад која стоел Бранко Црвенковски:

Хард Рок СДСМ ќе има за задача да откине сдсмовски гласови, а тоа тешко ќе им оди, бидејќи ја немаат базата која е клиентелистички настроена.

Не знам дали БЦ има улога или едноставно е катализатор во процесов. Ќе видиме.

Во секој случај, тој ќе го игра Љубчо во улогава, со таа разлика што БЦ е веќе геријатрија и го заборавме како изгледа, бидејќи кукавички бега од јавна сцена и имено го немаше никаде за многу крупни прашања.

Очекувам и сега истото да се случи, само да делува од страна.

И, иако нема уште имиња, моите инфа се дека тука работите се скроз измешани. Но, генерално во сенка доминираат ликови кои се проруски ориентирани и имено со години финансираат сајтови со говор на омраза и лажна пропаганда, пишува Јоци.