Јоци до власта: Флертувавте со неработниците од администрацијата, па нека ви се качуваат сега на глава

Прочитај за: < 1 минута

Јавната администрација ја пуштија година и пол да седи дома и да не работи, се продава како гласачко тело на сите партии, а сега ќе штрајкувале, коментира новинарката Јорданка Ивановска – Јоци, за денешниот штрајк на административците.

Миленичето на секоја власт викано ,,администрација”, гласачко тело на сите партии, кое стаса до 130.000 – нема да работи и ќе протестира! Цепажа. Тоа е истата администрација која Заев и СДСМ, за време на ковидов, ја оставија дома година и пол, да лежи и ништо да не работи, да шета по солуни, а да зема фул плата! За сметка на приватниот сектор кој пропаѓаше. Калкулираа и флертуваа со неработниците во државава, бидејќи имаше избори во 2019, во 2020 и во 2021. Па, ако ви е! Нек ви се качуваат сега на глава. Земја со 130.000 администрација, непродуктивна работна сила која не полни буџет – може слободно да се прости од својата иднина, вели Јоци.