
Јелена Спенџарска се изјасни по обвиненијата дека компанијата Слимлајн, чии производи таа ги промовираше на своите социјални мрежи, содржеле опасни материи како што се антидепресиви.
Секако дека внимателно ја пратам оваа ситуација и сум во тек со сите објави. Јас барем сум личност која во текот на својот живот се има изначитано се и свашта и нормално е да не паѓам под секакви влијанија ин е верувам во се што ми е сервирано. Она на кое што го знам и сакам посебно да обрнам внимание е дека ЧАЈОТ НЕ Е ПРЕДМЕТ НА СУДСКИ СПОР помеѓу двете засегнати страни, тој е легално регистриран во агенцијата за храна и ветеринарство и легално се увезува во Македонија. Мене НИКОЈ НИКОГАШ не ми се пожалил од некакви нус појави од употребата на чајот, кој уште еднаш ќе кажам, НЕ Е ЗАСЕГНАТ во оваа ситуација, вели Спенџарска.
По истражувањето на ИРЛ, најавено е дека скопското обвинителство ќе покрене истрага за Слимлајн, и за инфлуенсерките кои ги нуделе нивните производи.