Шекеринска ќе го наследи Столтенберг на функцијата генерален секретар на НАТО?

Прочитај за: < 1 минута

Некои земји членки на НАТО размислувале да ја предложат македонската министерка за фунцијата генерален секретар на НАТО, дознава „Плусинфо“.

Како можни кандидати за генерален секретар на НАТО, според пишувања на медиуми во регионот, се спомнуваат поранешната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, поранешната британска премиерка Тереза ​​Меј и поранешната претседателка на Литванија, Далиа Грибаускаита, потоа поранешната еврокомесарка за безбедност и надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини и актуелната германската министерка за одбрана, Анегрет Крамп-Каренбауер.

Столтенберг, кој е и поранешен премиер на Норвешка, на највисоката дипломатска функција во Алијансата е од октомври 2014 година и веќе во септември наредната година се очекува да го отстапи местото на новиот шеф на НАТО.

SHARE