Чомовски: Македонија е среќна што го најде Зоран Заев

Прочитај за: < 1 минута

Новинарот Александар Чомовски во „Click Plus“ на ТВ21 вели дека актуелниот премиер Заев сфатил дека прво се решаваат стратешките прашања.

Македонија имаше среќа што го најде Зоран Заев. Без таков, сега ќе речам налудничав политичар кој сфати дека главните стратешки партнерни се решаваат во првите две до три години од владеењето, ние ќе бевме црна дамка, црна оаза, закопана држава, посочи Александар Чомовски.

Додава дека овој модел на решавање на спорови, допрва ќе се изучува со сите свои слабости што ги има на домашната сцена, но договорот од Преспа го гледа како пример и за регионот.

На крајот на краиштата и еден Вучиќ и белградската школа вели, ајде да размислиме дека тоа Преспанскиот договор може да е модел за решавање на косовско-српскиот дијалог и статусот на Косово. Тие се нови сфаќања кои треа да ги изучуваме, посочи Александар Чомовски.

Зборуваше и за владеењето на Груевски како и последното негово интерву по враќањето од Виена во врска упадот во Соранието на „27-ми април“. Прашавме, дали сега медиумите ја ужуваат слободата на изразување, објави република.мк

Не важи веќе правилото дека е остварена голема победа за слободата на кажаното, тоа е веќе прилично излитена фраза ако продолжат и понатаму да мислат дека е главна придобивка на демократските процеси, вели Александар Чомовски.

Чомовски за 1ТВ и Бојан Јовановски рече дека има отсуство од општествена одговорност, додавајќи дека кај Боки 13 доминирало криминално размислување и како да се прилижиш до парите на олигархијата.

SHARE