Чкатроски: Не е проблем да се објават досиејата од нашите служби, но да се побараат и материјалите од бугарските архиви

Прочитај за: < 1 минута

Политичкиот аналитичар Даме Чкатроски смета дека не е проблем да се објават досиеајата од југословенските државни служби до 1990 година, но за возврат да се побараат материјалите од бугарските архиви од периодот од 1941-1944 година.

„Не е проблем да се објават досјета на нашите служби од 1945 година до 1991 година.
И не носи културно и цивилизациски да ги објавиме сите тие досјеа направени од еден идеолошки неадекватен и недемократски систем.Извинете но тоа е.

Но,што е тоа на што мора нашата комисија да инсистира ,ако веќе имаме некаков реципроцитета ,а е во прилог на нашата историја-

1.Да се побара од воено-полициските архиви од Бугарија да стават сите материјали од 1941 до 1944 на располагање на нашите историчари и јавност ,а се работи за списоците на полициско/воените соработници и списоците на непријатели на тогашното Царство Бугарија.

2.Да се побара од Бугарија да ги стави на увид полициско/воените архиви на Царство Бугарија и над 300-400 пресуди со смрт и затвор на Македонско-Бугарски дејци или луѓе поврзани со оваа наша држава.

3.Да се побара од Бугарија стенограми или информации за посетата на Темпо на Софија,а при тоа е резултатот од најмалку 500 луѓе убиени и затворени во Скопје и Софија.

4.Да се бара од Бугарија список на идеолошки соработници на Софија и агенти на СССР до 1991 година

Без овие 4 точки Да им биде јасно на властите во Македонија дека сеат магла и дека се што бара Софија мора уредно да биде добиено во Скопје ,а не само едносмерно.
Кога пишуваме историја ,нека пишуваме на двете страни“, пишува Чкатроски.