Цуцуловски распали по опозицијата: Кога еднаш ќе се сфати дека народот, сепак, не е стока?

Прочитај за: < 1 минута

ИНДИКАТИВНО е што повеќето македонски политички лидери, вклучувајќи и голем број новинари блиски до опозицијата, не гледаат ништо страшно ако во Уставот се вметне и т.н. бугарско малцинство, бидејќи (додаваат) во тоа немало ништо страшно. Меѓутоа, премолчуваат дека тоа е можно само ако п о в т о р н о се отвори Уставот. За тоа, пак, потребно е 2/3 мнозинство во Собранието. Значи ли дека опозицијата е подготвена, под о д р е д е н и услови, и тоа да го стори – кој знае по кој пат промена на Уставот? Второ, не кажуваат дека со отварањето на Уставот Албанците ќе станат конститутивен народ и во Република Македонија, од една страна и, од втора, конечно озаконување на албанскиот јазик како официјален/службен јазик на целата државна територија.

Се чини дека лакомоста по власт и привилегии, комбинирана со подлоста и отсуството на свест, меѓутоа и на совест, немаат крај. И тие се наоѓаат, најверојатно, во б е з д н а, бидејќи ако беше провалија дното одамна ќе беше постигнато. Вака, за жал, нечесната игра и понатаму продолжува. Кога еднаш ќе се сфати дека народот, сепак, не е стока?

(фејсбук статус на професорот Љубомир Цуцуловски)