Цркви, џамии и еден крупен бизнисмен – се бараат најголемите потрошувачи на струја

Прочитај за: < 1 минута

17 семејства трошат 10% од вкупната потрошувачка на струја во земјава, откри вчера Регулаторнат комисија за енергетика. ТВ21 дојде со списокот на најголемите потрошувачи во државава во домаќинствата, институции и други објекти.

Се работи за верски објекти (цркви и џамии), голем ланец на супермаркети, еден хотел во Скопје, студентски домови во Скопје, приватно училиште и други. Меѓу најголемите потрошувачи се најде и куќа на познат бизнисмен лоцирана во Злокуќани.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски вчера на прес конференција нагласи дека 17 семејства во државава трошат 10 проценти од вкупната потрошувачка на домаќинството.

Тој посочи дека тоа е околу 330 милиони киловат часови или приближно 30 проценти од домашното производство од хидроелектраните во сопственост на ЕСМ, но додава дека овие 17 домаќинства немаат проблем, односно редовно си ги плаќаат сметките.

Инаку, се подготвува и најголемата измена на тарифниот систем за електрична енергија, кој што е во завршна фаза.

SHARE