
Семејството на 15-годишната Сара Настеска, преку писмо до јавноста информираат дека Сара се врати во Охрид и испраќаат огромна благодарност до сите за помошта.
Писмото го пренесуваме делумно.
Почитувани,
Охрид победи, Сара се врати дома жива и здрава!
Почитувани, познати и непознати, ЛУЃЕ во вистинска смисла на зборот,
Со овие неколку зборови сакаме да Ве известиме дека го поминавме најтешкиот дел од патот. Поминавме тешки моменти, сигурно најтешките во нашите животи, поминавме многу, но ги поминавме на крилата на поддршката која токму ВИЕ ни ја дадовте.
Сара синоќа пристигна во Македонија, а од утрово е веќе во својот дом во Охрид. Заврши третманот во болницата во Германија и состојбата на Сара секој ден се подобрува и нормализира. Треба да се направат повеќе контроли, да се почитуваат строгите насоки и препораки дадени од медицинските лица, но сепак, најтешкото е веќе зад нас.
Ви благодариме ОД СРЦЕ
семејство Настески