Хрватскиот ракометар Денис Тот во кома откако бил претепан во Скопје

Прочитај за: < 1 минута

Хрватскиот ракометар Денис Тот, кој игра за клубот Бутел од Скопје, е во животно загрозувачка состојба во една од скопските болници откако завчера вечер бил претепан во ноќен клуб.

Се јавува дека инцидентот се случил во клубот Привилиџ, но ниту полицијата ни клубот не откриваат повеќе детали. Од клубот потврдија дека Тот се наоѓа во критична состојба и дека е претепан, но не кажуваат повеќе детали.

Според неофицијалните информации, Тот има бројни повреди по целото тело, многу фрактури и најверојатно е удиран со тапи предмети, но и со раце и нозе. За повредите на Денис, потврда стигна и од неговиот брат Борис Тот кој игра во Холандија.

Родителите се на пат за Скопје. Немаме премногу информации за тоа што се случи, кусо соопшти братот на повредениот ракометар. Се очекува во текот на денешниот ден, МВР да даде официјални информации за ин

цидентот.

SHARE